Борел: Последниот предлог договор до Белград и Косово е испратен вчера

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, кој денеска присуствува на самитот ЕУ-Западен Балкан, ја акцентраше важноста на дијалогот Приштина-Белград, нагласувајќи дека „веќе е во нивни раце да почнат преговори, бидејќи германскиот предлог им е можност за тоа“.

-Во однос на дијалогот Приштина-Белград, ова е важен момент, спорот за регистарските таблички е веќе надминат, тие треба да се вклучат во дијалог со предлогот што е ставен на маса и силната поддршка од Германија и Франција. Последниот текст беше испратен вчера до Белград и Косово и тие се оние кои треба да ги започнат сериозните разговори бидејќи имаат голема можност, рече тој.

На новинарско прашање дали е оптимист дека дијалогот ќе има успешна завршница во текот на следната година, рече дека е „многу сум активен околу тоа“.

-Жал ми е, но не можам да ја споделам содржината на документот за договорот меѓу Косово и Србија. Мислам дека не треба да поставуваме вештачки рокови, важно е брзо да почнеме да работиме. Време е за работа, одговори тој.

Изразувајќи ја поддршката што им е дадена на Албанија и на Босна и Херцеговина, тој рече дека експерти на ЕУ во Албанија ќе помогнат во однос на кибер-нападите, а на Босна и Херцеговина ќе и бидат доделени 10 милиони евра за деминирање

-Зборував со премиерот Рама, му понудив поддршка и нашите експерти се тука да и помогнат на Албанија да се соочи со кибер-нападите и хибридните закани кои доаѓаат како резултат на војната. Ќе и понудиме поддршка на Босна и Херцеговина за деминирање. Ќе дадеме 10 милиони евра за одредена акција за деминирањ, посочи Борел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Борел: Темпото на проширување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да оди рака под рака

Захарова: Изјавата на Борел за убиството на заробените украински војници е дезинформација

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан