Борел најави ново исклучување од SWIFT на руски банки

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел најави дека и други руски банки ќе бидат исклучени од SWIFT. За време на посетата на Јужна Америка, Борел не прецизираше кои нови руски банки ќе бидат исклучени од тој банкарски систем.

„Во финансискиот сектор повеќе руски банки ќе бидат исклучени од системот SWIFT, а во енергетскиот сектор бараме мерки кои значително би влијаеле на увозот на руска нафта“, рече Борел. По почетокот на руската воена интервенција против Украина, ЕУ усвои пет пакети санкции против поединци, организации, финансискиот и енергетскиот сектор во Русија. Сега се разговара за шестиот пакет санкции. Како дел од финансиските санкции, седум руски банки досега се исклучени од системот SWIFT.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Завршија руско-американските разговори во Истанбул