Борел: Мораме да ја поддржиме Украина

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска во Брисел изјави дека ЕУ мора да ја поддржи Украина „колку што е можно“ и посочи дека тоа е егзистенцијално прашање за Европа.

Борел, по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ, им рече на новинарите дека ЕУ мора да се држи до поддршката на Украина колку што може од перспектива на проширување, воена поддршка и финансиска поддршка.

Тој посочи дека за време на самитот ќе ги извести лидерите за работата поврзана со безбедносните обврски на Украина.

„Ќе продолжам да ги молам да разберат, и сигурен сум дека разбираат, дека ова е егзистенцијално прашање за Европа. Дека нашата поддршка за Украина мора да биде континуирана и зголемена бидејќи тоа не е само војна против Украина, туку е и за нашата безбедност“, рече тој.

Борел рече дека сега е време да се добијат „политички насоки“ од лидерите кои се собираат на Европскиот совет.

Тој наведе дека на самитот ќе се разговара и за ситуацијата во Појасот Газа и оти ЕУ мора да го земе предвид гласањето во Генералното собрание на ОН кога е тоа во прашање.

„Ситуацијата секако бара хуманитарен крај на борбите за да се ослободат заложниците и да се избегне хуманитарна катастрофа. Мораме да почнеме да размислуваме како да го решиме проблемот со политички пристап“, рече Борел.

Тој потсети дека арапските земји веќе кажаа дека нема да учествуваат во обновата на Газа доколку не постои силна посветеност на меѓународната заедница за решение со две држави.

„Мораме да се фокусираме на тоа. Мораме да се фокусираме на политичко решение на проблемот еднаш засекогаш“, рече Борел.

На прашањето дали Европскиот совет ќе расправа само за пакетот за проширување или за секоја земја посебно, Борел рече дека ќе се разговара за проширувањето, особено во случајот со Украина.

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он