Борел: Ќе има последици од санкциите за европските граѓани

Од:

Првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, ги предупреди граѓаните дека санкциите на ЕУ против Русија ќе предизвикаат зголемување на цените, но дека мора тоа да се прифати во име на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Унија очекува противмерки од Русија наскоро, иако за сега не се знае какви, во кој облик и со кој интензитет. Она што може да се очекува со извесност е зголемување на цените на енергијата, а со тоа и општо на цените на сите производи.

Ова денеска го потврди и самиот висок претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.

Европската Унија е решена да ја намали зависноста од рускиот гас и тоа ќе има последици врз пазарот.

-Ќе има турбуленции на пазарот на енергијата, тоа се случува, ќе се зголемат цените и тие цени ќе ги платат потрошувачите, можеме да воведеме политики за заштита на најранливите но се наоѓаме во таа ситуација, нашите акции и реакции ќе имаат последици и треба да сме подготвени за тоа, изјави Борел.

Односите со Русија нема повеќе да бидат дефинирани од трговијата, рече тој, додавајќи дека ЕУ не сака да се бори против рускиот народ, но дека мора да ја брани Украина и европскиот начин на живот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица