Борел: Кина и Русиja се блиску до создавање моќен сојуз од два авторитарни режима

Од:

Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, смета дека генералната позиција на Кина и Русија може да биде основа за моќен сојуз меѓу двете земји, за кои вели дека се „противници на демократијата“.

Ваквото мислење Борел го искажа на прес-конференција во САД, која преку интернет беше пренесена од прес-службата за надворешна политика на ЕУ.

-Генералната позиција на Кина и Русија, која беше слабо забележана од Западот поради ситуацијата во Украина, може да стане основа за моќен сојуз меѓу два авторитарни режима, рече тој.

„За разлика од Студената војна сега конфронтацијата не е меѓу демократијата и комунизмот, туку меѓу демократијата и авторитарните режими, како Русија и Кина“, додаде тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија