Борел и порача на Москва: Не се надевајте

Од:

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, и порача денеска на Москва дека другите кризи нема да го одвлечат вниманието на ЕУ од Украина.

Пораката дојде откако, како што наведе, Русија нападна повеќе од 100 градови и села во Украина во последните 24 часа.

„Руската агресија против Украина достигна нов врв на немилосрдност, со цели на повеќе од 100 градови и села за 24 часа. Москва не треба да има илузии: другите кризи нема да ни го одвлечат вниманието од Украина. Нашата поддршка продолжува, додека е потребно“, изјави Борел на социјалната мрежа Икс (Твитер).

Украина претходно тврдеше дека Русија бомбардирала повеќе од 100 населени места во последните 24 часа, најмногу за еден ден од почетокот на годината.

„Во последните 24 часа непријателот бомбардирал 118 населени места во десет региони“, објави на социјалните мрежи украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко, истакнувајќи дека тоа е „најмногу од почетокот на годината“.

Покрај тоа, на мета била и рафинерија за нафта во Кременчук во централниот дел на земјата, што предизвикало пожар, пренесува Ројтерс.

Немаше жртви, но повеќе од стотина пожарникари го гаснеа пожарот неколку часа, рече Клименко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива