Борел го осуди нападот на израелските доселеници врз палестинското село, се закани со санкции од ЕУ

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска го осуди нападот на израелските доселеници врз палестинското село Џит на Западниот Брег и најави дека планира да предложи санкции на ЕУ против оние кои ги овозможуваат дејствијата на насилните доселеници, вклучително и некои членови на израелската влада.

„Ги осудуваме нападите на доселениците во Џит, кои имаат за цел да ги тероризираат палестинските цивили“, напиша Борел на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека „од ден на ден, речиси целосно неказнето, израелските доселеници поттикнуваат насилство на окупираниот Западен Брег, придонесувајќи за загрозување на секоја шанса за мир“.

„Ја потврдувам мојата намера да поднесам предлог за санкции на ЕУ против оние кои овозможуваат насилни доселеници, вклучително и некои членови на израелската влада“, рече Борел.

Еден Палестинец загина кога десетици израелски доселеници го нападнаа селото Џит на Западниот брег, каде запалија неколку куќи и автомобили, соопштија палестинските власти.

Би можело да ве интересира

Светска банка: За реконструкцијата на Газа се потреба од повеќе од 50 милијарди долари

Медиуми: Хамас е подготвен да ја предаде контролата врз Појасот Газа на палестинските власти

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Хамас: Ќе го спроведеме договорот за прекин на огнот во Газа, ќе ги ослободиме заложниците

ИДФ го нападна појасот Газа по ракетата, наводно, истрелана од енклавата

Хамас го одложи ослободувањето на израелските заложници до понатамошно известување

А1он