Борел: ЕУ е најголем инвеститор на Западен Балкан

Од:

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жозеп Борел денеска изрази надеж дека одговорот на Белград и Приштина на германско – францускиот предлог за нормализација на односите, ќе претставува чекор напред во процесот на дијалог.

– Во наредните денови ќе го видиме нивниот одговор на тој предлог и се надевам дека тоа ќе претставува подобрување и чекор напред во овој процес, изјави Борел пред состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Минстер, Германија, пренесе Европската служба за надворешни работи.

Според Борел, една од темите ќе биде и Западен Балкан, па додаде дека отпорноста и помирувањето се два клучни збора за овој регион.

Како што појасни тој, отпорноста се однесува на зголемување на економските и политичките капацитети за соочување со предизвиците, а помирувањето на надминување на наследството од минатото.

Борел наведе и декац и оти го поддржува регионот и во борбата против дезинформациите, соочувањето со кибер нападите и хибридните закани што доаѓаат од Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

Гренел: УСАИД непромислено потроши милијарди за Западен Балкан

Кошта: Иднината на Западен Балкан, Молдавија и Украина е во ЕУ

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Борел во Бејрут повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

А1он

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт