Борци на Ал Шабаб упаднаа во владина зграда во Могадишу

Од:

Се претпоставува дека десетици државни службеници се задржани како заложници, откако борци на исламистичката група Ал Шабаб упаднаа во зградата на Министерството за труд и вработување на Сомалија во сомалискиот главен град Могадишу.

Пред упадот пред влезот на Министерството експлодирал автомобил-бомба, по што вооружените борци на Ал Шабаб навлегле во зградата.

Полицијата соопшти дека во зградата упаднале петмина борци на Ал Шабаб и дека во тек е акција на безбедносните сили за нивна неутрализација.

Засега нема информации за евентуално загинати или повредени лица.

По инцидентот се огласи Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, соопштувајќи дека нејзини припадници се наоѓаат во зградата на Министерството.

Во напад на Ал Шабаб во Могадишу кон крајот на февруари загинаа најмалку 24 лица.

Ал Шабаб е најактивната екстремистичка група во Африка, која се бори за формирање исламска држава во Сомалија врз принципите на шеријатското право.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија