Бонино: Интеграцијата е единствен начин да се запре радикализација на младите муслимани во Европа

Од:

Италијанскиот министер за надворешни работи Ема Бонино изјави дека интеграцијата на имигрантите е единствен начин да се запре радикализацијата на младите муслимани во Европа.

Германија неодамна објави дека минатата година околу 220 лица од Европа заминале во борба во Сирија. Властите се вознемирени, дека со нивното враќање во Европа, ќе се зголеми опасноста од тероризам.

Ема Бонино нагласи дека интегрирањето на имигрантите е предизвик за нејзината земја, каде неодамна беа упатени расистички навреди кон првата во Италија црна министерка.

Во Европа најмногу илеглани имигранти влегуваат низ Италија. Италијанскиот остров Лампедуза се наоѓа поблиску до Африка, отколку до Италија, и претставува главна порта за влез на имигранти од Северна Африка.

Би можело да ве интересира

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на италијанско министерство и два аеродроми во Милано

ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он