Бомбашки напад врз претседателски кандидат во Авганистан

Од:

Кандидатот за претседател на Авганистан, Абдулах Абдулах денеска изјави дека две бомби биле фрлени врз неговиот конвој по заминувањето од изборниот митинг во Кабул, при што биле повредени двајца припадници на неговото обезбедување.

Полицијата соопшти дека во овој напад биле повредени неколку лица.

Граѓаните на Авганистан на 14 јуни во вториот круг од претседателските избори треба да изберат меѓу поранешниот шеф на авганистанската дипломатија Абдулах Абдулах и поранешниот претставник на Светска банка Ашраф Гани за наследник на досегашниот шеф на државата Хамид Карзаи.

Гани го осуди нападот на својот противкандидат, нагласувајќи дека „тоа е чин на непријателите на Авганистан со цел да се попречи демократскиот процес во земјата“.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски