Автомобил-бомба денеска експлодира пред Амбасадата на Ирак во главниот град на Авганистан, Кабул, соопштија авганистанските безбедносни служби.
Според нив покрај бомбашот самоубиец имало уште двајца напаѓачи кои се обиделе да влезат во Амбасадата на Ирак, но биле спречени.
За сега нема информации за убиени и повредени лица.
Амбасадата на Ирак е лоцирана во центарот на Кабул.
„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот.