Бомбашки напад на митинг на етиопскиот премиер Ахмед, има загинати

Од:

Неколку лица биле убиени во денешната експлозија за време на митинг на етиопскиот премиер Абију Ахмед во Адис Абеба, јави новинската агенција ДПА.

– Неколкумина беа убиени, а има и повредени во овој добро организиран напад. Ќе ги помниме тие што ги загубија животите како маченици, изјави Ахмед по инцидентот.

Десетици илјади граѓани на главниот град на Етиопија се собрале да му изразат поддршка на премиерот Ахмед и реформите што тој ги најави откако беше избран во април. Ахмед ослободи стотици политички затвореници и започна преговори за запирање на непријателствата со Еритреја.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од пет степени ја погоди Етиопија

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска