Во текот на традиционалниот авганистански спорт бузкаши, бомбаш самоубиец активира експлозивна направа и уби најмалку 10 гледачи.
Помеѓу загинатите се и регионалниот шеф на полицијата, братот на претседателот на авганистанското собрание Абдул Рауф Ибрахими и уште два члена на семејството.
Најмалку уште 10 лица се повредени кога нападачот ја активирал направата во текот на натпреварот, на кој присуствувале околу 3000 лица.
Бузкаши е национален спорт во Авганистан и претставува варијација на поло.
Безбедносната состојба во северниот дел на Авганистан е нарушена во текот на последните две години.
Елена Георгиевска