Бомба на границата Украина-Русија

Од:

Непознат маж утрово на граничниот премин помеѓу Украина и Русија, активирал експлозивна направа, при што и тој загинал.

Во инцидентот потешко се повредени и неколку граничари. Според соопштението на украинската погранична полиција, на ред за контрола дошол миниавтобус со регистарски таблички од Молдавија, кој влегол од Русија на граничниот премин Баќевск, пренесе „Франс прес“.

Полицајците во возилото го забележале петтиот патник кој што бил сокриен внатре во возилото, по што тој им покажал руски пасош кој што не му припаѓа- изјави претставник на украинската гранична полиција, Сергеј Астахов.

Во тек на разговорот со нив, тој активирал експлозивна направа и загинал на местото, додека двајца украински полицајци се хоспитализирани во болница, поради тешки повреди.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари