Болсонаро обвинет за криење на вистинските податоци за бројот на заразени и умрени од коронавирусот

Од:

Бразилските власти ги отстраниле од владиниот сајт повеќемесечните податоци за бројот на заразени и умрени од коронавирусот, откако беше критикуван начинот на кој претседателот Жаир Болсонаро се справува со епидемијата.

Регионалните здравствени власти во Бразил ја обвинија владата на Жаир Болсонаро за „криење“ на точниот број на смртни случаи од коронавирусот.

Министерството претходниот ден престана да го објавува вкупниот број жртви на коронавирусот во Бразил и го дава само бројот на умрени во последните 24 часа, наведува Би-Би-Си, бидејќи Болсонаро кажал дека кумулативните податоци не ја даваат вистинска слика за состојбата во земјата.

„Авторитарниот, грозен и нехуман обид да се сокријат мртвите од Ковид-19, што се противи на етиката, нема да успее“, соопшти Националниот совет на министри за здравство откако службеник на Министерството за здравство изрази сомнеж во официјалните бројки.

Бразил се наоѓа на второто место во светот според бројот на заразени со коронавирус, а од неодамна има и најмногу смртни случаи во еден ден од сите други нации.

Доисега во земјата се регистрирани над 670.000 заразени лица, а се верува дека оваа бројка е многу поголема заради недоволното тестирање. Бразил е на третото место во светот според бројот на жртви од Ковид-19 со повеќе од 35.000 смртни случаи

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски