Болсонаро најави дека наскоро ќе се врати во Бразил

Од:

Поранешниот бразилски претседател, Жаир Болсонаро, кој од крајот на декември е во САД, изјави дека наскоро планира да се врати во Бразил.

Болсонаро ја напушти болницата во сојузната американска држава Флорида каде беше примен ден претходно, и покрај препораките на лекарите кои го советувале да остане во клиниката барем уште неколку дена, објави бразилската телевизија „Глобо“.

„Пристигнав во САД и требаше да останам овде до крајот на јануари, но планирам да се вратам порано. Бидејќи лекарите во Бразил подобро го знаат мојот проблем со интестинална опструкција предизвикана од раната со нож (здобиена при средба со гласачите во септември 2018)“, изјави Болсонаро за „Си-Ен-Ен Бразил“.

Болсонаро истакна дека ова е третпат да биде хоспитализиран поради таков проблем.

„Стигнав овде за да поминам малку време со моето семејство. Но, немав мирни денови. Прво овие немили настани (немири во градот Бразилија), потоа мојата хоспитализација“, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски