Болсонаро ја нападна Башеле дека се меша во внатрешната политика на Бразил

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денека ја обвини високата функционерка на Обединетите нации и поранешна претседателка на Чиле, Мишел Башале, дека се меша во внатрешната политика и суверенитет на Бразил, откако таа го критикуваше насилството на полицијата во неговата земја.

Башеле на средба во Женева изрази загриженост зараси растот на полициското насилство во Рио де Жанеиро и Сао Паоло, како и намалувањето на цивилниот и демократски простор, нападите на автохтоните заедници и растот на шумските пожари, пренесуваат британските медиуми.

Болсонаро возврати на Фејсбук, обвинувајќи ја Башеле дека го следи примерот на францускиот претседател Емануел Макрон и дека се меша во внатрешните прашања и суверенитетот на Бразил.

„ Таа го нападна Бразил со агенда за човекови права, напаѓајќи ја нашата храбра полиција“, напиша Болсонаро на ФБ.

Во својата објава тој и лично ја нападна Башеле, чиј татко, генерал на авијацијата остана лојален на социјалистичкиот претседател Салвадоре Аљенде и по државниот удар во Чиле во 1973 година, и потоа почина во затвор.

„Башеле заборави дека тоа што нејзината земја не заврши како Куба може да им благодари на оние кои имаа храброст да им застанат на патот на левичарите во 1973 година. Меѓу тие комунисти беше и нејзиниот татко“, напиша Болсонаро.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски