Болно момче кое родителите го однесоа од болница во Велика Британија ќе се лекува во Прага

Од:

Протонскиот центар во Прага се подготвува за трансфер на петгодишното момче од Велика Британија, Ашија Кинг, чии родители беа притворени откако без знаење на лекарите го одвеле од болницата каде претходни било оперирано од тумор на мозокот.

Родителите на детето, најпрво од британските органи беа обвинети за занемарување на родителската должност, но подоцна откако беа пронајдени во Шпанија, преку неколку видеа кои ги објавија на интернет беше објаснето дека се обидувале својот син да го однесат на лекување со протонска терапија која не им била овозможена во Британија.

Според надлежните во прашката болница Мотол, поради сложеноста на случајот, тие уште од понеделник ќе ги подготвуваат деталите за прием на пациентот, а лекарскиот тим, веќе ја добил здравствената документација, јави дописникот на МИА од Прага.

Британските лекари изразија сомневање дека протонската терапија ќе помогне за оздравување на детето и сметаат дека треба да се продолжи со класично радиоактивно зрачење за да се уништат малигните клетки кои останале по операцијата.

Протонската терапија се смета за чувствителна метода на радиотерапија која не го уништува останатото здраво ткиво и за странските детски пациенти чини околу 70.000 евра.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство