Боливискиот претседател Ево Моралес, кој победи со голема предност на претседателските избори на 12-ти октомври, ќе има мнозинство од две третини во Парламентот, покажуваат официјалните податоци од парламентарните избори во Боливија, одржани исто така на 12-ти октомври.
Партијата на Моралес Движење за социјализмот освои 25 места во 36-члениот Сенат и 88 места во 130-члената Долен дом на Парламентот.
На изборите на 12-ти октомври Моралес беше реизбран со 61,4 проценти од гласовите на избирачите. Моралес ќе стапи на должност на 2. јануари и ќе управува со земјата до 2020 година.