Боливискиот Парламент усвои закон со кој се дозволува децата да работат од 10-годишна возраст, се додека тоа не пречи во нивното образование и финансиски им помога на нивните семејства.
Во нормални услови законот ја намалува минималната работна возраст на 12 години, при што условот повторно е работата да не им пречи во образованието на децата.
Меѓународната организација на трудот (МОТ) објави дека Боливија е прва земја во светот што дозволува децата да работата од 10-годишна возраст.
Новиот закон се очекува набрзо да биде потпишан од претседателот Ево Моралес.