Боливија е подготвена да му даде политички азил на Сноуден

Од:

Боливија е подготвена да му даде азил на поранешниот соработник на ЦИА и НСА Едвард Сноуден, изјави денеска боливискиот претседател Ево Моралес во интервју за руската телевизија „Раша тудеј“, која емитува програма на англиски јазик.

– Секако дека ситуацијата во никој случај не е розова. Овој случај постојано се разгледува на меѓународно ниво. Боливија е подготвена да прифати лица, кои се откриени дека шпионираат, доколку ова може така да го наречам, рече тој.

Претседателот потврди дека Боливија засега не добила барање за азил од Сноуден и додаде дека доколку пристигне такво барање боливиските власти се подготвени да го разгледаат.

– Подготвени сме за преговори. Не загрижува однесувањето на држави како САД. Замислете ја таа контрола и шпионажа што се врши на телефонските разговори. Знам дека големите држави имаат шпионски мрежи и се во постојан заговор против т.н. земји во развој. Особено против земји со природни ресурси како Боливија, Венецуела, Еквадор, нагласи Моралес.
– Империјата САД е во постојан заговор против нас. Потребно е да се организираме подобро и да ја одбиеме секоја политичка, воена и културна агресија, додаде боливискиот претседател.
Шпанија, една од земјите во кои Сноуден побара азил денеска соопшти дека неговата молба ќе се смета за невалидна се додека тој не е на шпанска територија.

Портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи изјави дека Индија го одбила барањето за азил на поранешниот соработник на ЦИА и НСА.

Поранешниот консултант на американското разузнавање испратил молби за политички азил во 21 држава, меѓу кои Русија, Исланд, Еквадор, Куба, Венецуела, Бразил, Индија, Кина, Германија и Франција, соопшти сајтот Викиликс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он