Болест сo симптоми слични на еболата усмрти неколку лица во ДР Конго

Од:

Министерот за здравство на Демократска Република Конго и тим експерти се уаптија во провинцијата Боенде на оваа африканска земја, откако неколку лица починале од заболување со симптоми слични на еболата.

Засега не е познато дали болеста има некаква врска со еболата, која досега во Гвинеја, Либерија, Сиера Леоне и Нигерија ја предизвика смртта на над 1.200 лица.

– Во Боенде се шири некаква болест, но не го знаеме нејзиното потекло, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата.

Според него, Владата испратила тим експерти од Националниот институт за биомедицински истражувања, на чело со министерот за здравство Феликс Кабанге Нумби.

Професор, кој ја придружавал делегацијата, потврди дека цел на тимот е да ја утврди „точната природа на заболувањето“, што ги предизвика смртните случаи во Боенде.

Според локален жител, околу десет лица, вклучувајќи и четири медицински лица, починале откако биле зафатени од треска, дијарија и течење на крв од ушите и носот, симптоми што се карактеристични и за еболата.

Демократска Република Конго нема заедничка граница со некоја од земјите од западна Африка, што се зафатени од вирусот на еболата, но досега имала неколку епидемии од болеста, откако во 1976 година беше регистриран првиот случај во близина на реката Ебола во севернуит дел на земјата.

Би можело да ве интересира

400 загинати во поплавите во Конго, преживеаја две бебиња, кои плутаа по езеро

Ана Ололовска

Претоварен моторен чамец потона во река во Конго, најмалку 145 лица се водат за исчезнати

Ана Ололовска

Хрвати посвоиле 131 дете од Конго, ќе се проверува легалноста на сите случаи

А1он

ЕУ испраќа 2,3 милиони евра хуманитарна помош за Конго

А1он

Во Конго има 26 милиони гладни, тврдат хуманитарните агенции

Претседателот на Конго ја обвини Руанда дека сака да ја окупира неговата земја за да го украде златото

Ана Ололовска