Боксерската легенда Мани Пакјао кандидат за претседател на Филипини

Од:

Боксерската икона Мани Пакјао денеска ги поднесе документите за неговата кандидатура за претседател на Филипините, со што стана првиот политичар кој и официјално изјави дека се кандидира за изборите за највисоката функција во оваа азиска земја, што треба да се одржат следната година, јави ДПА.

Пакјао (42), кој во моментов е сенатор, вети дека, доколку победи на изборите и стане претседател на Филипини, ќе се бори против сиромаштијата и корупцијата и ќе ја реши пандемијата на коронавирусот.

Тој, исто така, вети дека ќе ги подобри Интернет услугите и ќе ги намали трошоците за електрична енергија на Филипините.

-Мојата кандидатура не е само за мене и моето семејство, туку и за филипинскиот народ, рече Пакјао.

Откако ја поднесе кандидатурата до Комисијата за избори во рамките на политичката партија Промди тој кажа дека се надева дека „ќе им даде подобра иднина, особено на оние кои страдаат долго време“.

-За оние кои крадат од филипинскиот народ, вашите среќни денови во владата се изброени, додаде тој. „Ова е мое ветување кон фипипинскиот народ и кон Бога“.

Пакијао има своја политичка партија, Движење на народниот шампион, а, исто така, е член и функционер на владејачката политичка партија ПДП-Лабан на актуелниот претседател Родриго Дутерте, пренесе ДПА.

Но, тој кажа дека избрал да ја поднесе својата кандидатура под логото на Промди, политичката партија која е сојузничка со ПДП-Лабан, но влезе во кавга со Дутерте, чија фракција во владејачката коалиција се залагаше за уште еден негов претседателски кандидат.

Комисијата за избори од денеска до 8 октомври ќе ги прифаќа пријавите за кандидатура за претседател, потпретседател, сенатори и илјадници локални позиции за изборите во мај 2022 година.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод