Боинг се соочува со иднина без борбени ловци

Од:

Компанијата Боинг, која произведува воени авиони речиси еден век, се подготвува за се поизвесна иднина без ловци.

Цврстата посветеност на САД и многу нејзини сојузници кои ја користат програмата Ф-35 за групни напаѓачки ловци кои ги произведува Локид Мартин Корп. го пресушуваат финансирањето за ловците на Боинг. Сега шефот на единицата за одбрана во Боинг подготвува стратегија која ќе и му го отстапи пазарот на ловците на Локид, и ќе ја усмери иднината на бизнисот на други авиони, меѓу кои и на воени верзии на своите комерцијални млазњаци.

– Мора да се соочиме со реалноста, во интервју во јули изјави Крис Чедвик, претседателот на Боинг, Одбрана, Вселена и Безбедност, за свртување на фокусот на компанијата.

Ловците на Боннг воглавно се користат денес – ловците Ф/А-18 ги предводеа воздушните напади на САД во северен Ирак. Но се соочува со неизвесност за нови нарачки. Производството на Ф/А -18 може да сопре до крајот на 2017 година, додека по последните испораки на Ф-15А наменети за Саудиска Арабија, се планира сопирање на нивно прозводството во 2019 година.

Компанијата размислува и за забавено производство за да ја задржи производната линија на Ф/А-18 малку подолго, со надеж дека ќе го убедат Пентагон да финансира нови набавки за Воената морнарица. Вака може да се купи времеи за грст потенцијални меѓународни купувачи – посебно за Канада и Данска – ако решат да купат борбени ловци.
Од Боинг изјавија дека е можно до април да решат дали ќе стават крај на производството на Ф/А-18 во Сент Луис, фабрика каде се произведуваат двата ловци. „Се уште цврсто стоиме зад нив“, рече Чедвик во интервју, по еден извештај кој беше објавен во Вол Стрит џурнал. Тој верува дека производството на Ф/А-18 може да се задржи до крајот на деценијава.

Чедник, кој дојде на местото  извршен директор за одбрана и вселена на 31 декември, ги откри сумите за кратење на трошоците и за мерките за ефикасност за компанијата да се адаптира кон скратениот буџети за армијата на САД. Боинг во текот на минатите три  години ги намалувала трошоците на единицата за одбрана по четири милијарди долари годишно, отпуштиле илјадници работници, и планира да заштеди дополнителни две милијарди долари додека американската и другите армии низ светот се базираат на тоа колку можат да си дозволат – наместо на квалитетот – на оружените системи.

Педесет иедно-годишниот Чедвик го претстави својот стратешки план пред управниот одбор на Боинг на крајот на август, и се очекува да го претстави пред вработените на почетокот на октомври, велат лица кои се запознати со планот.

Неговите планови се да ги премести одговорностите и производството во рамките на трите клучни оддели во единиците за одбрана – воените авиони, мрежите и вселената, и услуги и подршка – и да цели на повисоки приходи од услугите за да ја задржи годишната продажба на околу 30 милијарди долари. Единицата за одбрана минатата година придонела со 33 милијарди долари во севкупните приходи на Боинг кои изнесуваат 86,6 милијарди долари.

Месецов, Чедвик во видео порака до вработените ја истакна потребата за непријатен избор. „Овие одлуки можеби ќе значат како ја обликуваме нашата компанија и каде ќе ги преместиме ресурсите“, рече тој.

Луѓето со кои разговаравме за планот велат дека поголемиот дел од промените ги вклучуваат и улогите на внатрешните тимови и нивните цели, и велат дека Чедвик е подготвен да се отаже од програмите како што се борбените ловци. Дури и старата програма на Боинг во вселенски летала со човечки посади беше под прашање пред да го добијат договорот вреден 4,2 милијади долари со НАСА, за да изградат и да управуваат со новото вселенско такси со човечка посада.

Семето за замирање на ловците на Боинг беше посеано во октомври 2001 година, кога Локид Мартин беше избран да направи групен напаѓачки ловец, прорама вредна 400 милијарди долари наменета да ги замени повеќето од стартешките ловци во американската армија.

Боинг жестоко лобираше да добие нови нарачки за своите Ф/А-18 ловци, но откако загуби редица договори во Индија, Јужна Кореја и Бразил, сега се соочува со незначаен број на можни договори, посебно одамна одложената програма за замена на ловците на Канада.

Боинг следната година исто ќе ја затвори фабриката во Лонг бич, Калифорнја, каде се произведуваат Ц-17 воени товарни авоиони. Заедно со крајот на програмата за производство на Ф/А-18 и Ф-15, со овој чекор ќе се скратат до 50 проценти приходите на моменталната единица за производство на воени авиони. Компанијата исто произведува и хеликоптери и муниција.

– Боинг се наоѓана еден вид на крстопат, вели Макл Мерлузо, косопственик на консултанската фирма за вселената Г2 солушнс ЛЛЦ. „Тие се наоѓаат помеѓу портфолио од своето наследството, и порфолио за преобликување“.

Боинг ги продал првите воени авиони на американската морнарица во 1917 година, и тоа бил двокрилниот авион означен како Модел Ц. ПВ-9/ФБ бил првиот борбен ловец во 1923 година. Компанијата ги прозведувала култните авиони за време на Втората светска војна, меѓу кои и бомбардерот Б-29 Супертврдина, од кои биле фрлени атомските бомби врз Јапонија,. Боинг Б-52 останал во функција во воздушните сили на САД повеќе од 60 години по нивните први борбени летови.

Присоединувањето на Мекдоналд Даглас Корпорејшн во 1996 од страна на Боинг го озвежи бизнисот за одбрана, кој пет години претходно генерирал само 10 проценти од продажбата на оваа групација, и се рангирал на 10-то место во светот, зад Џенерал електрик Ко., па дури и зад Џенерал моторс Ко.

Извршниот директор на Боинг, Џим Мекнирни, на инвеститорите во јули им рече дека за задржувањето на приходите од одбраната и вселената на околу 30 милијарди долари годишно, потребна е замена на приходите од борбение ловци со добивање на нови нарачки, како што е долгодометен напаѓачки ловец, потоа предлогот од Воздушните сили за производство на ловец за обуки, и програмата за дронови Јукласс на Морнарицата.

– Нашите шанси да ги добиеме овие нови договори – или некои од нив – се добри, што може да ги покрие загубите од ловците Ф/А-18 и Ф-15, кои во следната деценија се соочуваат со згаснување, рече Мекнирни.

Неодамна Чедвик рече дека добивањето на договорот за ловец за обуки и потенцијалната нова продажба на Ф-15, може да го задржи активен нивниот дизајнерски тим во Сент Луис. Иако ловецот Ф-35 е дизајниран да има 50-годишен живот, во Воздушните сили веќе почнале да дискутираат какив вид на ловец ќе дојде по нив.

Но Боинг се соочува со големи предизвици за сите три договори. Со програмата за бомбардери, која е најголема, Боинг и Локид заедно настапуваат на тендерот против Норторп Груман Корп., за која некои аналитичари велат дека е чекор понапред во својот развој.

Боинг е една од четирите компании која учествува во тендерот на Морнарицата за следната фаза на програмата за дронови, трка која до крајот на овој месец може да биде стеснета со бројот на учесници. Тие заедно со шведскиот СААБ работат ва развој на нов ловец за обуки, иако досега никакви владини средства не биле дадени за оваа програма.

Чедвик претходно раководеше со бизнисот на воени ловци пред да ја преземе единицата за одбрана. Тој рече дека не е доволно само да се добијат тендери за нови програми кои ќе ги заменат оние кои поека се затвораат. Боинг планира да создаде повеќе софтверски производи, со што ќе се приклучи на обидите во оваа индустрија да се балансира продажбата на опрема.

Но не е јасно што точно значи овој софтверски бизнис. Можеби ќе треба да се насочи кон се поголемата побарувачка за анализа на податоците кај муштериите од армијата и разузнавањето, рече Чедвик, „но сега засега само се обидуваме да го прецизираме ова“.
Амбициите на Чедвик се да го направи Боинг поинаков од своите ривали.

– Ако погледнете кон комерцијалниот свет, постои јасна разлика помеѓу Епл и Мајкрософт, помеѓу Гугл и Фејсбук, рече тој. „Но ако ја погледнете индустријата за одбрана, тоа не е јасно. И оттука нашиот фокус е: како да излеземе од јатото?“

Вашингтон пост – Вашингтон

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски