Боинг приземјен поради терористичка закана

Од:

Кинески патнички авион Боинг 757 со 186 патници и 10 членови на екипажот принудно слета денеска во северозападниот регион Синѓијанг, по испратена терористичка закана, објави локалната агенција Синхуа.

Авионот слета на аеродромот во Ланжу, главниот град на северозападната покраина Гансу, по добивањето закана околу 17:30 часот по локално време.

Авионот CZ680 на “Чајна Ерлајнс” прво полетал од Истанбул кон градот Урумќи во покраината Синѓијанг. Бил на пат кон Пекинг кога му е упатена закана.

Авионот се наоѓа на аеродромот, а багажот е изваден и се прегледува од страна на цариниците.

Слични инциденти од овој вид се ретки во кинеските авиони, иако пред една година авионот кој од Пекинг леташе до Урумќи, принудно слета откако една патничка се закани дека ќе активира бомба.

Полицијата тогаш уапси една 27-годишна жена, која рече дека имала проблем со својот партнер и дека одела да се најде со него за да разговараат за тоа.

Би можело да ве интересира

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски

Кина: Егзекутирана жена затоа што продала 17 деца, меѓу кои и сопствениот син

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски