„Боинг“ ја призна одговорноста за несреќата на „737 Макс“ на „Етиопијан ерлајнс“ во 2019 година

Од:

Компанијата „Боинг“ ја призна одговорноста и ќе ја надомести штетата по тужбата на семејствата на 157 лица кои загинаа во падот на авионот „737 MAX“ на авиокомпанијата „Етиопијан ерлајнс“ во 2019 година.

Како резултат на договорот меѓу американската компанија и семејствата, адвокатите на жртвите нема да бараат казнена отштета, а „Боинг“ нема да ги оспорува тужбите поднесени во американската сојузна држава Илиноис, пренесуваат американските медиуми.

„Боинг“ се залага да обезбеди сите семејства кои ги загубиле своите најблиски во несреќата да бидат целосно и правично компензирани за нивната загуба“, соопшти вчера производителот на авиони.

Адвокатите на жртвите изјавија во соопштение дека „Боинг“, според претходниот договор, признал „дека моделот „737 MAX“ бил во небезбедна состојба и нема да се обиде да обвини некој друг за несреќата“.

„Ова е значајна пресвртница за семејствата во нивната потрага по правда против „Боинг“, бидејќи ќе се погрижи тие да се третираат соодветно и да ги исполнуваат условите за целосна штета според законот на Илиноис, истовремено отворајќи го патот за да продолжат кон конечно решение, било преку порамнување или судење“, наведоа адвокатите во заедничкото соопштение.

Тие додадоа дека компензацијата „ќе значи дека „Боинг“ е целосно одговорен за смртта на 157 лица кои загинаа во оваа несреќа“.

Судијата за следниот вторник закажа рочиште за договорот меѓу компанијата и семејствата на жртвите во несреќата.

Најпродаваниот авион на „Боинг“ беше приземјен цели 20 месеци откако 346 лица загинаа во две несреќи на „737 MAX“, во Индонезија во 2018 година и во Етиопија во 2019 година.

Авионот се врати во употреба откако компанијата направи значителни подобрувања во софтверот и обуката.

Британските медиуми наведуваат дека двете несреќи веќе ја чинат компанијата „Боинг“ околу 20 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов инцидент на Боинг 737, во САД се откачи капак на мотор

Авион итно се вратил на аеродромот од кој полетал поради пукнатина на прозорец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Брод со украинска пченица стигна во Етиопија: „Испраќаме храна, испраќаме надеж

Тедрос: Мали се шансите да се спречи геноцид во Тиграј

Ана Ололовска

Бунтовниците од Тиграј се согласија на мировни разговори со етиопската Влада

Ана Ололовска

ТПЛФ подготвен за мировни преговори со Владата на Етиопија

Ана Ололовска