Боинг инвестира милијарда долари во безбедноста на патничките летови

Од:

Боинг ќе инвестира една милијарада долари во безбедноста за да се намалат ризиците со дефекти на патничките летови како фаталните проблеми со моделот „737 Макс“, јавија некои американски медиуми.

Проектот се нарекува „Глобална авиациска безбедност“, но деталите сеуште не се познати поради затегање на повторното активирање „737 Макс“. Се вели, дека компанијата сега се фокусира на решавање на тој проблем и кога тоа ќе биде решено, веднаш започнува реализацијата на развојниот пилот проект.

Инвестициската програма, меѓудругото, предвидува подобрување на инфраструктура во воздушниот сообраќај, како системи за воздушно движење и имитација на летовите, и создавање на систем за размена на информации за конструкцијата на авионите со регуларите низ целиот свет. Исто так, се разгледуваат прашања како дали се потребни дополнителни инвестиции во тренинг центрите и создавање на учебни материјали за пилотите.

Боинг засега нема дадено коментар за проектот.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски