Богданов: Не се исклучува победа на опозицијата во Сирија

Од:

Владата на Сирија се повеќе ја губи контролата над земјата и не треба да се исклучува победа на опозицијата, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Богданов.

Тој истакна дека режимот на претседателот Башар ал Асад се повеќе ја губи контролата над се поголем дел од земјата.

Богданов посочи и покрај тоа Русија ќе инсистира за придржување до Женевската конвенција и мирно решавање на конфликтите.

Тој наведе дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре ќе прими делегација на  сириската опозиција, предводена од лидерот на Народниот фронт за промени и ослободување, Кадри Џамил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина