Боби Кенеди ја задушил Мерилин Монро, тврди приватен детектив

Од:

Смртта на холивудската ѕвезда Мерилин Монро по 51 година подоцна е повод за чести шпекулации и обвинувања.

Најново во таа низа е тврдењето на Колен Оташ, ќерка на приватниот детектив Фред Оташ, која во изјава за „Холивуд Репорт“ вели дека позната актерка ја задушил, никој друг туку лично Роберт „Боби“ Кенеди, тогашен секретар за правда и брат на американскиот претседател Џон Кенеди.

Според Оташ, нејзиниот татко имал поставено прислушни уреди во домот на Монро со цел да дознае повеќе детали околу информациите дека актерката има љубовни врски со двајцата браќа Кенеди.

Официјално Монро починала од предозираност со таблети на 5 август 1962, но Оташ тврди дека таа всушност е убиена.

Во еден свој запис Фред Оташ наведува дека Мерилин се расправала со браќата Кенеди, при што викала многу глсно, а тие се обидувале да ја смират.

– Во еден момент Боби зема перница и ја притисна на нејзиното лице со цел да престане да вика за да не ја слушнат соседите. На крајот таа замолче, но Боби ја задуши, наведува Фред Оташ во записот.

Според него, актерката „редовно имала секс во тројка со браќата Кенеди“ и почнала да се чувствува како „парче месо“.

Колен Отиш наведува дека нејзиниот татко се до неговата смрт во 1992 година тврдел дека знае како починала Мерилин Монро. Записите во кои се објаснува „убиството“ на актерката Колен ги открила неодамна.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија