БНД: Милитанти од ИД во блиска иднина ќе извршуваат борбени операции во Ирак

Од:

Милитанти од „Исламска држава“ ќе бидат во состојба да извршуваат борбени операции во Ирак во „блиска иднина“, наспроти воздушните напади кои ги предводат САД и напорите на ирачката војска да ја преземе контролата врз териториите, оцени германската надворешна разузнавачка служба БНД.

БНД наведува дека исламистите и натаму преземаат успешни операции во западната ирачка провинција Анбар и надвор од Багдад и се обидуваат да придобијат уште сунити во Ирак во борбата против коалицијата на чело со САД.

„Исламска држава“ зазеде големи територии во Ирак и Сирија оваа година, прогласи исламски „калифат“, ги потисна шиитските муслимани, христијаните и останатите групи кои не го делат нивното радикално толкување на сунитскиот ислам.

Бројни идеолошки противници се погубени, вклучувајќи неколку западни новинари.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак