Блумберг: ЕУ разгледува план за задолжување заради финансирање на одбраната и купување енергенси

Од:

Европската унија неделава би можела да го претстави планот за издавање заеднички обврзници, чиј износ би можел да биде огромен и би се искористил за финансирање на трошоците во енергетскиот и одбранбениот сектор, јави демнеска Блумберг.

-Предлогот би можел да биде претставен по вонредниот самит на ЕУ, што во четврток почнува во Версај, изјавија официјални лица запознаени со подготовките.

Според планот, Европската комисија ќе издава обврзници и ќе ги канализира парите до земјите-членки преку поволни заеми за да ги финансира трошоците во наведените области, изјавија официјалните лица, кои сакаа да останат анонимни, бидејќи плановите сè уште не се објавени во јавноста.

Оттаму додаваат дека надлежните се уште ги разработуваат деталите за продажбата на обврзниците и висината на долгот.

-Треба да најдеме нови алатки за да ги решиме новите прашања што ни ги поставува оваа криза, им рече синоќа еврокомесарот за економија Паоло Џентилони на европратениците во Стразбур.

Тој додаде дека е на мислење дека лидерите на ЕУ на претстојниот самит во Версај ќе дадат политички насоки за натамошните чекори на Унијата.

Портпаролот на ЕК одби да ги коментира деталите, изјавувајќи само дека официјалните лица продолжуваат да ја следат ситуацијата и се подготвени да одговорат на променливите околности, наведува Блумберг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски