Блумберг: Брегзит е најглупава работа, покрај изборот на Трамп

Од:

Медиумскиот магнат и поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, изјави дека Брегзит е најглупавата работа што една држава некогаш ја направила, покрај изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Тој вели дека „многу е тешко да се разбере зошто една земја на која и оди добро, би сакала сето тоа да го уништи” со гласање за Брегзит.

– Реков дека тоа е најглупавата работа што некоја земја некогаш го сторила, но ние тоа го надминавме, рече Блумберг, мислејќи на изборот на Трамп за претседателот на САД.

Тој вчера го посети Лондон за да отвори ново седиште на компанијата „Блумберг”, но се чинеше дека тој жали што инвестира во Велика Британија, поради Брегзит, оценува „Гардијан”.

– Отвораме ново седиште во Лондон, две големи, скапи згради. Дали би го сторил тоа ако знаев дека ќе излезе (од Европската унија)? Размислував дека можеби не би го сторил, но еве сега сме тука и ќе бидеме многу среќни, рече Блумберг.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија