Блокирано назначувањето на Лула за шеф на кабинетот на претседателката Русеф

Од:

Бразилски судија го блокираше назначувањето на поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Салва за шеф на кабинетот на сегашниот претседател на Бразил, Дилма Русеф, веднаш по церемонијата на поставувањето на новата функција.

Интервенцијата на судијата се објаснува како неопходна, затоа што постоел ризик од прекинувањето на една федерална истрага (против Лула), која е во тек, доколку тој беше поставен за член на владиниот кабинет.

Според бразилските закони, истрага против членови на кабинетот може да отвори и да води само Врховниот суд, но не и федералните судови.

Еден таков суд води истрага против поранешниот претседател Лула околу неговата вмешаност во големиот корупциски скандал, поврзан со државната нафтена компанија „Петробрас“.

Обвинителството во Сао Паоло го обвинува за перење пари во врска со купувањето на луксузна вила, изградена од фирма која има тесни бизнис врски со нафтената компанија, па затоа и самата е под истрага.
Опозицијата во Бразил тврди дека набрзина изведено влегување на (пензиониран) поранешен претседател во владиниот состав, како шеф на кабинет на Русеф е случај без преседан и се прави само Лула да го избегне обвинувањето.

Бразилските медиуми јавуваат дека во текот на свеченото назначување, на кое присуствувала и претседателката, дошло до судир меѓу противниците и приврзениците на Лула, од редовите на владејачката левичарска Работничка партија.

Дилма Русеф го бранела назначувањето на Лула, нарекувајќи го како свој „голем пријател и другар“ со кого има извојувано многу битки, порачувајќи дека таа и понатаму ќе остане во негова одбрана.

Русеф го критикувала федералниот судија Серхио Моро кој дозволи да се појави во јавноста тајно снимен разговор меѓу претседателката и Лула, во кој таа му ветува дека ќе му помогне, внесувајќи го во владата.

Бразилските аналитичари, проценуваат дека освен Лула, од неговото влегување во владиниот кабинет треба да профитира и актуелната претседателка. Таа сака да го искористи големото влијание на Лула во Долниот дом на Конгресот, за да се спречи импичмент против неа, што го бара опозицијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск