Блок: Турција треба да работи на заживување на преговорите за членство во ЕУ

Од:

Преговорите за членство на Турција во ЕУ се во застој и Анкара мора да преземе чекори кои ќе продонесат за напредок и за заживување на преговарачкиот процес, изјави денеска холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок.

Блок, кој престојува во посета на Анкара, порача дека турските власти мора да се зафатат со решавање на постоечките проблеми, вклучително и оние поврзани со владеењето на правото и почитувањето на човековите права.

На заедничка прес-конференција со неговиот турски колега Мављут Чавушоглу, Блок се осврна и на економските проблеми со кои се соочува Турција, пред се со падот на вреднсота на лирата и растот на инфалцијата, посочувајќи дека и покрај предизвиците во економијата со кои се соочува, земјата имаа огромни потенцијали за раст.

Посетата на Блок на Анкара доаѓа откако во јули Турција и Холандија се договорија за надминување на тензиите и за нормализација на дипломатските односи, по што минатиот месец девет земји разменија и амбасадори.

Кризата во односите меѓу Анкара и Хаг почна во март 2017 година, кога холандските власти не му дозволија на авионот на Чавушоглу да слета во Холандија, каде требаше да говори на митинг пред турските гласачи во Ротердам, во пресрет на референдумот за уставните измени.

Тензиите дополнително ескалираа отакако холандските власти од земјата ја протераа турската министерка за семејство и социјална полиитка Фатма Бетул Сајан Каја, која требаше да одржи предреферендумска средба со Турците во Ротердам. По протерувањето на министерката дојде до протести на локалните Турци во Ротердам, кои при тоа се судрија со полицијата.

Турција по ова побара извинување од Холандија, го повчеле својот амбасадор од Хаг и не му дозволи враќање во Анкара на холандскиот амбасадор, кој во тоа време не беше во земјата.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија