Блинкен: Светот мора да остане под американско ракводство

Од:

Не може да се дозволи светската заедница да остане без раководството на Вашингтон. Се наоѓаме на пресвртница. На светот по Студената војна му дојде крајот, а во тек е интензивен натпревар за да се обликува она што следува. Во центарот на таа конкуренција е технологијата. А технологијата ќе ги преобликува нашите економии на многу начини. Ќе ги реформираат нашите армии. Ова ќе ги преобликува животите на луѓето ширум планетата – рече  американскиот државен секретар Антони Блинкен во својот говор за време на посетата на Универзитетот Стенфорд.

Блинкен, нагласувајќи дека вредностите на иднината зависат од тоа кој ќе победи на натпреварот за ерата по Студената војна, потенцираше дека САД мора да ја превземе водечката улога во редифинирање на глобаната политика.

– Имаме едноставен избор – светот засега не се организира. За САД, изборот е овој: ако не учествуваме во организацијата, ако не преземеме водечка улога, тоа значи една од овие две работи кои ги напоменувам лидерството ќе биде окупирано од некој друг, можеби Кина, на начин што целосно не одговараат на нашите интереси и вредности. Или, уште полошо, можеби никој нема да го преземе лидерството, тогаш ќе има вакуум каде лошите работи можат да ги пополнат оние пред добрите – рече американскиот државен секретар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на прес-конференцијата на Блинкен, обезбедувањето исфрли „непослушен“ новинар

Блинкен: САД воспоставија директен контакт со сириската фракција Хајат Тахрир ал-Шам

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

Блинкен: САД ќе ѝ дадат на Украина оружје во вредност од 725 милиони долари

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности