Блинкен: Смртта на ал Кураиши е значаен удар за ИД за нејзин конечен пораз

Од:

Успешната операција изведена синоќа во северозападна Сирија кога лидерот на Исламска држава Абу Ибрахим ал Хашеми ал Кураиши се саморазнесе, е благодарение на храброста на нашите војници и професионалци кои ги извршуваа наредбите на претседателот Џо Бајден, соопшти денеска Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека мисијата е да не им се даде контрола на терористите во Ирак и Сирија, да се одговори на комуникацијата и финансиите на ИД и да се стабилизираат областите кои биле ослободени од ИД, за да се спречи повторна појава на групата.

– Ова е значајна победа на силите на коалицијата за пораз на ИД, во борбата да се запре и расформира групата, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.

Тој додаде дека САД презеле вонредни мерки на грижа за заштита на цивили и спречување жртви кои не учествуваат во борбите.

– Но ИД повторно си го откри лицето со рамнодушноста кон човечкиот живот, вклучувајќи жени и деца, откако ал Кураиши одбра да детонира бомба усмртувајќи го сопственото семејство, истакна Блинкен.

Американскиот државен секретар посочи борбата продолжува и дека „смртта на ал Кураиши е значаен удар за ИД, а целта на коалицијата е конечен пораз на ИД“.

Кураиши го презеде кормилото на ИД во 2019 година. Познат е по бруталното исполнување на злобната идеологија на ИД и управувал со насилната кампања на потчинување и репресија на наводни непријатели, вклучувајќи ги Јазидите, верско малцинство во Ирак. Тој ги координирал и глобалните операции во Ирак.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за отворените прашања за договор

Горан Наумовски

Блинкен ја заврши посетата на Блискиот Исток, без напредок во мировните преговори во Газа