Блинкен потврди дека САД не сакаат да го купат Гренланд

Од:

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, вчера потврди дека САД не сакаат да го купат Гренланд, откако оваа идеја пред две години ја изнесе тогашниот американски претседател Доналд Трамп, што предизвика дипломатски спор со Данска.

Седејќи на прес конференцијата во Кангерлшуак, на Гренланд, крај шефот на данската дипломатија Јепе Кофод, и гренландскиот премиер, Муте Егеде, и министер за надворешни работи, Пеле Броберг, секретарот Блинкен им потврди на новинарите дека е „вистина“ дека САД не се обидуваат да ја купат таа автономна данска територија.

Блинкен го посети Гренланд откако присуствуваше на Арктичкиот совет во Исланд, велејќи дека тоа е сигнал за желбата на Вашингтон да ги зајакне врските со „арктичките партнери, Гренланд и Данска“.

Трамп и еден од неговите економски советници во 2019 година потврдија дека во 2019 година, поранешниот американски претседател разговарал за можноста за купување на Гренланд, најголемиот остров во светот.

Данскиот премиер Мете Фредериксен тогаш возврати дека Гренланд не е на продажба и го нарече предлогот „апсурден“.

Броберг вчера кажа дека навистина имало одредени шпекулации за продажба на Гренланд поради нејзината стратешка важност, но дека посетата на Блинкен „не се смета како договор за набавка“.

-Купопродажен договор значи земја без ништо или никој на неа. Секретарот Блинкен јасно стави до знаење дека е тука поради луѓето што живеат на Арктикот, поради луѓето што живеат во Гренланд, рече Броберг.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија