Блинкен му честиташе на Нетанјаху за формирањето на новата влада

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера му честиташе на Бенјамин Нетанјаху, кој во средата објави дека е во состојба да формира нова влада на Израел.

На вчерашната прес-конференција, Блинкен го повика Израел да продолжи да соработува со САД за безбедноста, благосостојбата и достоинството и на Израелците и на Палестинците.

„Ќе бидеме среќни да работиме заедно со Израел во име на интересите и вредностите кои долго време заземаа централно место во нашите односи“, рече државниот секретар.

Новата владејачка коалиција во Израел ќе ја сочинуваат партијата Ликуд на Нетанјаху и православните и екстремно десничарските политички сили.

Одговарајќи на новинарско прашање дали американската дипломатија ќе работи со најрадикалните членови на новата влада, Блинкен рече дека САД ќе го одредат својот став кон израелските партнери врз основа на политиките што ќе ги спроведат.

Државниот секретар, исто така, истакна дека постои традиција на „многу искрени дискусии“ меѓу САД и Израел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

ВИДЕО: Израел пукал на позиции на мировниците на ОН во Либан, двајца повредени

ВИДЕО: Израел тврди дека е убиен лидерот на Исламски Џихад во напад на Западниот брег

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје