Блинкен ја реафирмира силната поддршка на САД за Израел

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вети силна поддршка на својот сојузник Израел, во време кога земјата се подготвува за петти избори за помалку од четири години.

Во синоќешниот телефонски разговор со министерот за надворешни работи Јаир Лапид, кој ќе ја предводи преодната влада, Блинкен потврдил дека американскиот претседател Џо Бајден и натаму планира да го посети Израел во јули.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс информира дека Блинкен ја изразил почитта за демократските процеси и го уверил соговорникот во „непоколебливата посветеност кон силниот стратешки однос САД-Израел“.

– Силата на нашите односи не зависи од тоа кој е во Овалната соба. Не зависи од тоа кој е во фотелјата на премиерот на Израел“ изјави Прајс за новинарите, додавајќи дека Блинкен „го нагласил продолжувањето на блиската соработка за регионални и глобални прашања“.

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид вчера изјави дека нема да чека нови избори за да се справи со бројните предизвици и дека ќе се соочи со нив веднаш штом ќе ја преземе функцијата привремен премиер од актуелниот премиер Нафтали Бенет.

-Треба да се справиме со трошоците за живот, да водиме кампања против Иран, Хамас и Хезболах и да се спротивставиме на силите кои се закануваат да го претворат Израел во недемократска земја, рече Лапид.

На почетокот на неделата, израелскиот премиер Нафтали Бенет и министерот за надворешни работи Јаир Лапид се согласија да го распуштат парламентот, по што ќе следуваат нови
избори, а во меѓувреме Лапид ќе биде вршител на должноста премиер.

Се очекува Кнесетот следната недела да расправа за распуштање, по што Лапид ќе стане привремен премиер. Според извори на Би-Би-Си, новите парламентарни избори ќе се одржат кон крајот на октомври.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски