Блинкен го поздрави ослободувањето на американскиот новинар Фенстер во Мјанмар

Од:

Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, денеска го поздрави ослободувањето на американскиот новинар Дени Фенстер во Мјанмар. Блинек кажа дека новинарот бил „неправедно држен во затвор речиси шест месеци“ по државниот удар во февруари кога беше соборена цивилната влада.

„Среќни сме што Дени наскоро ќе биде со своето семејство и продолжуваме да повикуваме на ослободување на другите кои сè уште се неправедно затворени во Мјанмар“, се навењува во соопштението на Блинкен.

-Новинарот Дени Фенстер, кој неодамна беше осуден на 11 години затвор во Мјанмар, денеска е ослободен и е на пат за дома, изјави поранешниот американски амбасадор во ОН, Бил Ричардсон, кој помогна во преговорите за неговото ослободување.

Фенстер му беше предаден на Ричардсон во Мјанмар и ќе се врати во САД преку Катар во следниот ден и половина, се наведува во соопштението на Ричардсон.

Новинарот (37) кој работеше за списанието „Фронтиер Мјанмар“ беше уапсен во мај кога се обидел да ја напушти земјата и оттогаш се наоѓаше во затворот Инсеин, во близина на Јангон.

Минатата недела, судот во Мјанмар го осуди на 11 години затвор за поттикнување бунт против армијата и нелегално здружување. Тој утре требаше повторно да се појави пред суд за тероризам и бунт, за што му се закануваше доживотен затвор.

Според ОН, откако армијата ја презеде власта во Мјанмар најмалку 126 новинари и претставници на медиумите и издавачи се приведени, а 47 се уште се во притвор, иако сите не се обвинети.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија