Поранешниот британски премиер Тони Блер располага со лично богатство од околу десет милиони фунти, пишува американското списание „Венити Феар“ забележувајќи дека тој е еден од најбогатите поранешни премиери во Велика Британија.
Весникот пишува дека откако Блер се повлече од функцијата, во јуни 2007 година, по десет години поминати како британски премиер, тој исто толку пари има дадено за разни хуманитарни организации.
Најмногу, вкупно 4,5 милиони фунти за Кралската британска легија (на ветераните) префрлајќи го на сметката на оваа организација, целиот износ од хонорарот за неговата книга-мемоари „Патување“.
Другиот дел од донациите е распределен по разните фондации што самиот Блер ги создаде по напуштањето на Даунинг стрит 10.
Вистинската вредност на богатството на поранешниот премиер, сепак, останува непознато за пошироката јавност.
Неговите критичари, во сегашната британска позиција, како и меѓу левичарите кои уште од неговото именување за лидер на Лабуристите во 1994 година, не се согласуваат со неговите видувања за левицата во Велика Британија, тврдат дека семејното богатсво на Блер изнесува околу 100 милиони фунти.
Според проценките на критичарите, тој и неговата сопруга Шери имаат две големи и скапи куќи,едната во центарот на Лондон, кај Хајд Парк, а другата во Бакингамшир, во внатрешноста на Англија. Двајцата имаат купено станови за сите нивни деца, а Шери Блер, заедно со најстариот син Јуан поседуваат два стана во северозападните делови од земјата, кои ги издаваат, или заедно, семејството располага со 11 куќи и станови.
Зборувајќи изминатото лето на една свеченост на лабуристите, по повод 20 годишнината од изборот на Блер за лидер на Лабуристичката партија, Блер шеговите им порача на своите критичари дека неговата сопруга почнала сериозно да прашува каде се тие големи пари.
По повлекувањето од премиерската функција, Блер се повлече и од пратеничката функција и одби да биде член на Горниот дом на Парламентот, што значи дека тој не прима никакви пари од државните фондови, но одби да се повлече од меѓународните работи и состојби.
Веднаш ја создаде својата компанија „Тони Блер Асосиет“ која се занимава со советничка работа за разни влади низ светот, како и држи предавања по светот и советува банки и компании.
Во разговор за „Венити Фер“ Тони Блер вели дека нема никогаш да се пензионира од меѓународната политика и „од светот“ посочувајќи го примерот на некогашниот американски државен секретар Хенри Ксинџер (91). Поранешниот британски премиер во разговорот одбива да ја отфрли можноста, во иднина, евентуално да се појави како советник и на рускиот претседател Владимир Путин, против кого во САД и во западните медиуми се води остра кампања, потврдувајќи дека неговата компанија работи со целиот свет.