Блер побара од премиерот Камерон да ја поддржи новата египетска Влада

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер го повика денеска актуелниот премиер Дејвид Камерон, да ја поддржи новата влада во Египет.

Во интервјуза радио Би-Би-Си Блер, кој сега е специјален пратеник на меѓународната „четворка“ за Блискиот Исток, изјави дека единствениот начин за враќање на патеката на демократијата во земјата е да се поддржи (сегашната) власт.

Поранешниот премиер неведува дека британската Влада би требало да и помага на египетската армија, која минатата недела го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси. Воениот врв и војската интервенираа по ултиматумот што им беше даден на Муслиманското братство од чии редови потекнува сменетиот претседател и нивните сојузници, како и на египетската опозиција да се спогодат околу иднината на земјата.

Реакцијата на војската уследи по милионските протести на опозиционите партии, либералните организации и на секуларните движења кои собраа 22 милиони потписи за оставка на Морси.

Доскорешниот претседател е обвинуван за исламизација на Египет и за засилена поларизација на земјата, што се закануваше со распад на најнаселената арапска држава. Морси и група највисоки функционери на Муслиманскто братство се држат заточени, во објекти на армијата, но на непознати локации.

Од неговото соборување од власта во Египет има судири меѓу приврзениците и противниците на Морси и на неговата исламистичка партија. Неколку десетици луѓе загинаа, а други илјада се повредени во меѓусебните судири на двете спротивставен страни.

Во судир со војската, пред седиштето на Републиканаската гарда се убиени 16 демонстранти, додека Муслиманскто братство тврди дека во овој „масакар“ се убиени двојно повеќе луѓе.

Раководството на Братството затоа повика денеска на „интифада“ (востание) против новата власт и за враќање на Морси.

Привремениот претсдател Адли Мансур, доскорешен претседател на Уставниот суд, најави организирање на нови избори, но не соопшти кога тие би се одржале.

Поранешниот британски премиер Блер за Би-Би-Си посочи дека меѓународната заедница не би требало да дозволи распаѓање на Египет и бара поддршка во настојувањето на новата власт за стабилизирање на земјата.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет