Блер: Отповикувањето на Морси е оправдано

Од:

Поранешниот британски премиер Тони Блер смета дека египетската војска немаше друг избор, освен да го собори од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси.

-Доколку тоа не беше направено, единствената алтернатива ќе беше војската да дозволи хаос во Египет-напиша Блер во денешниот „Обсервер“.

Војската го отстрани Морси од власт во среда, по големите протести против неговото владеење, во кои ширум државата загинаа неколку лица.

-Не може да дозволиме Египет да се распадне-напиша тој и додаде дека Запад треба да и даде поддршка на египетската демократска транзиција.

Покрај тоа Блер смета дека западните држави имаат одговорност да работат за воспоставување на мир.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја