Една 28-годишна жена во Англија успеала да избегне сигурна смрт благодарение на своите големи гради.
Сара Фостер ја удрил автомобил и тоа на начин на кој повеќето од луѓето би биле тешко повредени, дури и убиени, но нејзините големи гради се „однесувале“ како воздушна перничиња и ја заштитиле.
Лекарите се изненадиле кога сфатиле дека по таква несреќа Сара нема ниту една скршеница.
Интересно е што таа никогаш не ги сакала своите гради и оти само неколку дена пред несреќата резервирала термин за операција за намалување на градите, но сега се откажала од тој зафат.
– Лекарот ми кажа: Не знам како си преживеала. Бевме во шок, чевлите ти паднале, облеката ти беше искината, не знаеме како си останала жива“. Го прашав потоа што ме спасило, а тој ми кажа дека градите буквално ме отфрлиле од шоферршајбната, раскажува таа.
Таа патувала на кршетвка заедно со нејзиниот партнер Мари (36) и децата Стивен (13) и Меган (осум).
Сара застанала на бензинска пупма за да направи пауза од патувањето, кога возачот на друго возило удрил во банкината и ја загубил контролата одејќи директно кон неа.
Таа не успеала да го избегне ударот, но затоа благодарение на своите гради преживеала.