Бизарна смрт во Барселона – човек загинал барајќи си го телефонот во скулптура на диносаурус

Од:

39-годишен турист загинал под бизарни околности во Шпанија, а полицијата ги истражува деталите откако неговото тело било пронајдено заглавено во внатрешноста од картонска скулптура на диносаурус.

Како што пренесува ББЦ, двајца граѓани, татко и син, пријавиле дека нешто чудно се случува откако од скулптурата почнала да се шири силна миризба. Потоа, таткото успеал да го види телото на починатиот низ пукнатина во ногата на хартиената скулптура на стегосаурус.

Полицијата соопшти дека семејството на починатиот во изминатите денови го пријавило како исчезнат, а додаде и дека нема траги на насилство или евентуален напад.

Според изјава на портпаролката на регионалната полиција во Каталонија која ја пренесуваат локалните медиуми, починатиот човек веројатно се обидувал да го извади телефонот кој му паднал во скулптурата. Тој паднал во внатрешноста на статуата и останал да виси наопаку, без можност да повика помош.

Полицијата засега официјално не ги потврдува овие наводи и за причината на смртта упати на наодот на обдукцијата, кој треба да биде подготвен во следните денови.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени