Бившиот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, ѝ се извини на порно ѕвездата Сторми Дениелс

Од:

Поранешниот личен адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен ѝ се извини на порно ѕвездата Сторми Даниелс за болката, како што рече, што „и ја предизвикал додека работел за Трамп“, објави“ Хил“.

– Историите на двајцата засекогаш ќе ни бидат поврзани со Доналд Трамп, но и една со друга. Ви благодарам што ми дадовте втора шанса, и рече Коен на Сторми во својот подкаст „Меа Кулпа“.

Коен рече дека жали за „непотребната болка“ што и ја предизвикал на Даниелс, вклучително и за исплати на пари за кои адвокатот рече дека и ги дал во 2016 година во замена за нејзино молчење за наводна врска со Трамп неколку години претходно.

Даниелс, која оттогаш напиша книга за контроверзиите и ги обиколи стриптиз клубовите по скандалот, рече дека добила бројни закани и била мета на поддржувачи на поранешниот претседател откако скандалот се појави во јавноста.

– Мојата битка само што почна. Луѓето навистина се вознемирени и тие само уште повеќе ќе се лутат на мене, му рече Даниелс на Коен во нивниот прв разговор.

Таа додаде дека сака да се врати на својот живот пред скандалот да ја донесе во центарот на вниманието.

– Ако можев да замавнам со волшебно стапче и да вратам сè назад како што беше порано, би го сторила тоа, му рече таа на Коен.

– Веќе загубив сè, додаде таа.

Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, го тужеше Трамп за клевета, откако тој ги негираше нејзините обвинувања и шемата за плаќање „под маса“. Овој случај сè уште трае.

Во 2018 година, Коен беше осуден за лажење пред Конгресот, затајување данок и други обвиненија кои произлегле од плаќањата што ги уплатил на Даниелс и други жени кои тврделе дека имале афера со Трамп.

Тој го емитува својот подкаст од станот во Менхетен, каде што ја издржува преостанатата 36-месечна казна откако беше ослободен додека затворите се борат против ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес