Бин Ладен живеел незабележано во Пакистан поради некомпетентност на сите раководни нивоа

Од:

Осама Бин Ладен успеал да живее девет години незабележано во Пакистан благодарение на изненадувачки ниското ниво на внимание и некомпетентност на речиси сите нивоа, се наведува во официјалниот владин извештај.

Извештајот на 336 страници е изработен од Комисија, задолжена да ги испита околностите на специјалната операција на САД во Пакистан во мај 2010 година, во која беше убиен Бин Ладен.

Телевизијата „Ал Џезира“ го објави документот на својот веб сајт, откако добиле пристап до него преку неименуван извор.

Според извештајот нема докази дека сегашни или поранешни службени лица помагале при криењето на Бин Ладен, иако таквата можност не е целосно исклучена. Познати се малку информации за мрежата за поддршка со која располагал Бин Ладен во Пакистан и во странство.

Извештајот ги обвинува сите раководни нивоа, вклучително армијата и разузнавањето дека не успеале да го откријат лидерот на терористичката група Ал Каеда, кој во период од девет години променил шест локации во Пакистан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски