„Билд“: НАТО ја користел таjната американска програма за следење во Авганистан

Од:

Тајната програма за собирање податоци „Призма“ на американската Агенцијата за национална безбедност (НСА) била користена од командната структура на германските сили во Авганистан за следење на лица осомничени за терористички активности, објави германскиот весник „Билд“.

Според весникот, во доверлив документ на НАТО се неведува дека командата на германските сили во Авганистан во септември 2011 година била информирана за постоење на програмата „Призма“, наменета за следење и собирање податоци.

Станува збор за наредба, издадена на 1 септември 2011 година од Штабот на НАТО во Кабул до регионалните командни структури на Меѓународните сили за поддршка на безбедноста во Авганистан.

Таа содржела насоки дека овие структури од 15 септември 2011 година се должни да ги прислушуваат телефонски разговори и да ги следат дописите на електронската пошта, за што била користена програмата „Призма“.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Ројтерс: НАТО нема да го исполни предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана