Билансот на жртвите од земјотресот во Јапонија се искачи на 41

Од:

Во двата земјотреси кои вчера и завчера ја погодија префектурата Кумамото на јужниот јапонски остров Кјушу, според најновите податоци, загинале најмалку 41 лица.

Меѓутоа, како што јавија јапонските медиуми, властите стравуваат дека конечниот биланс на жртвите може да биде многу поголем бидејќи под урнатини се уште се затрупани голем број лица.

– Знаеме за неколку локации каде има затрупани живи луѓе. Полицијата, пожарникарите и воениот персонал прават се што е во нивна моќ да ги спасат, изјави попладнево генералниот секретар на јапонската Влада, Јошихида Суга.

Префектурата Кумамото во четвртокот вечерта по локлано време ја погоди земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала, по што вчера во истито регион беше регистриран уште еден силен потрес со јачина од 7,4 степени.

Тлото во Кумампто и натаму се тресе, па така денеска беше регистирран уште еден псолиен потрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтер.

Во првиот земјотрес се урна повеќе стари згради, при што загинаа девет лица, но при вчерашниот потрес дојде до нови разурнувања, по што билансот на загинати почна да расте.
Портапролот на префектурата Кумамото соопшти дека при земјотресите се повредени речиси 1.000 лица, од кои 184 сериозно.

Суга синоќа на прес-конференција, која беше пренесувана во живо на речиси сите телевизии во земјата, апелираше до луѓето во погодените подрачја да се помагаат меѓусебно и да го задржат мирот,

Тој најави дека во регионот погоден од земјотресите властите ќе испратат меѓу 15 и 20 илјади припадници на јапонската Армија, како и дополнителен број полицајци, пожарникари и медицински персонал, кои ќе се вклучат во спасувачките операции.

Меѓу големиот број урнати и оштетени објекти при земјотресот е и замокот во Кумамото, кој е изграден во 1607 година и е дел од јапонското културно наследство. Според јапонските медиуми, при земјотресите се урнале дел од ѕидовите на замокот.
Дополнителен проблем за жителите во реонот на Кумамото, кои останаа без своите домови при потресите, претставуваат и најавите на метеоролозите дека вечерва тој дел на Јапонија ќе биде зафатен од поројни дождови.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила